Ливерпул и Тотенхем играат во сабота на стадионот Ванда Метрополитано во Мадрид во финалниот натпревар од Лигата на шампионите.
Оваа сезона на Лигата на Шампионите ни понуди некои неверојатни игри што ќе ги паметиме долго време, и сигурно е дека во сабота очекуваме одличен спектакл кога станува збор за финалниот меч.
Ливерпул и Тотенхем ќе се сретнат во финалето и сигурно е дека никој пред почетокот на оваа сезона не би можел ниту да поверува дека ке ги види овие два клуба во големиот финален натпревар.
Дамка на крајот од сезоната падна на финалниот меч на Европската лига, односно фактот што натпреварот се одигра во далечниот Баку. Навивачи на Арсенал и Челзи речиси немаше, а атмосферата беше како да се игра пријателски натпревар, бидејќи навивачите беа главно фанови од Азербејџан и од околните земји.
Сепак, за финалето во саботата во кое Ливерпул и Тотенхем играат, јасно е дека очекуваме вистински спектакл. Навивачите на двете екипи добија еднаков број на билети, а Мадрид веќе е полн со приврзаниците на овогодинешните финалисти.
Што се однесува до стадионот, тоа е совршена состојба што докажуваат фотографиите објавени од Ливерпул на својот Твитер профил. Ванда Метрополитано во моментов е еден од најмодерните и најдобрите стадиони во светот.
A closer look at Saturday's setting. 📸#UCLfinal pic.twitter.com/7m6YhBXrbD
— Liverpool FC (@LFC) May 30, 2019