Дел од автобиографијата на Франческо Тоти е поврзана со Лучијано Спалети, со кого италијанскиот фудбалер работел во Рома.
Во својата книга Тоти открил дека во 2016 година тој се судрил со Спалети по натпревар и дека четворица го одвоиле од сегашниот тренер на Интер. Таквите информации предизвикаа голем интерес, а самиот Спалети потврди дека ќе ја прочита книгата …
“Јас разбирам дека новинарите се интересира дали сето тоа е вистина или не. Сепак нема да зборувам за тоа, фокусиран сум на натпреварот кој ме чека. За Тоти можам да зборувам кога ќе ја прочитам книгата. Постојат многу страници ќе ми треба време”, рече Спалети.
Тоти конфликтот го опиша: “По последниот играч кој влезе во соблекувалната, Спалети ја удри вратата и почна да вреска. Мето шкафче беше далеку од влезот, се наведнав да ги одврзам копачките, и кога погледнав горе, го видов лицето на Спалети на растојание од еден сантиметар. Тогаш рече: “Доста. Се преправаш дека си лидер, а играш карти и покрај мојата забрана. Ти треба да заминеш. Уморен сум од тебе.” Тој викаше цело време. Тоа беше нашиот последен конфликт. Не можев да се смирам и да го зачувам, четворица луѓе не разделија. Од тогаш, односот меѓу него и мене е завршен.”