Фудбалерите на Манчестер Сити се последните четвртфиналисти на Лига купот на Англија откако во дербито на натпреварувањето го совладаа бранителот на титулата Ливерпул.
Натпреварот на стадионот „Етихад“ заврши со резултат 3:2.
Двете селекции беа ослабени со неиграњето на голем број фудбалери, кои учествуваа во финалето на Светското првенство. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола не можеше да смета на 11 играчи, практично цел тим.
Сепак, отсуството на одредени ѕвезди не го намали спектаклот што фудбалерите на двата тима го приредија на публиката.
Ливерпул е победник од минатата сезона и најтрофеен клуб во Лига купот со девет трофеи, но овојпат „Граѓаните“ беа подобри и заслужено победија – првиот пат Гвардиола беше подобар од Клоп во 2022 година.
Головите ги постигнаа Холанд во 10., Махрез во 47. и Аке во 58. минута за Манчестер Сити, Фабио Карваљо во 20. и Салах во 48. минута.
За утеха, Салах влезе во историјата како првиот играч на Ливерпул кој постигнал гол против Сити во три различни натпреварувања во една сезона – англискиот Суперкуп (Комунити Шилд), Премиер лигата и Лига купот.
Во вторник и среда во четвртфиналето се пласираа Манчестер Јунајтед, Нотингем Форест, третолигашот Чарлтон Атлетик, Њукасл, Саутемптон, Лестер и Вулверхемптон .
CITY! 💙
🔵 3-2 🔴 #ManCity pic.twitter.com/fldKhim3Lq
— Manchester City (@ManCity) December 22, 2022