ФУДБАЛ

Спектаклот на „Етихад“ започна со ран гол (ВИДЕО)

Манчестер Сити прв стигна до водство во големото дерби на англискиот премиерлигаш против Ливерпул од петтата минута.

Натпреварот кој можеше да го реши англискиот шампион започна одлично за Граѓаните кои од петтата минута водат со 1:0.

Стрелец е Кевин де Брујн. Попат ја шутна топката, го смени правецот и го измами Алисон, а на крајот заврши во мрежата за предност на Граѓаните од 1-0.

Ливерпул сепак брзо израмни. Диого Јота погоди за 1:1 во 13. минута.