ФУДБАЛ

Спектакуларен натпревар и берлински „шамар“ за Милионерите

Феноменален дуел во 17. коло во Бундеслигата одиграа Херта Берлин и Борусија Дортмунд.

Конечниот резултат гласеше 3:2 за Старата дама на Берлин.

Во 16. минута ВАР го поништи голот на Маолида, а гостите го казнија во 31. минута кога Брант погоди за 0:1.

Следува отално лудило.

Бефодил израмни на 1:1 во 51. минута на додавање на Дарида, а Рихтер во 57. минута погоди за 2:1 и пресврт на Херта, асистент беше Малоида.

Рихтер го постигна вториот гол во 69. минута за 3:1 и тотален шок за Борусија.

Милионерите се обидоа да трепнат, но се што направија е еден гол, Тиге во 83. минута за конечни 3-2, на асистенција на Гереиро.

ПОВРЗАНО

Бундеслига