Актуелниот шампион во НБА, ЛА Лејкерс синоќа повторно ги разочара своите навивачи затоа што беа поразени од Њујорк Никс со 111:96.
Лејкерси добро го отворија натпреварот и по првиот дел водеа со 28:26, но после тоа Никс поведе на паркетот.
Тимот од Њујорк успеа да стигне до пресврт во продолжението од мечот, и убедлива победа бидејќи на крајот успеа да слави со 15 поени разлика.
Никс до победата ги предводеше Рендл кој постигна 34 поени и додаде уште десет скока и четири асистенции. Кај Лејкерс се истакна Шредер со 21 поен, три скока и шест асистенции.
Интересен натпревар одиграа Голден Стејт Вориорс и Денвер Нагетс. На крајот, Вориорс славеа со 116:107 на крилата на Кари.
Одигра нереален натпревар кој заврши со дури 53 поени, шест скока и четири асистенции. Кари синоќа успеа да го собори и рекордот на Вилт Чембрлен, кој го надмина на списокот на најдобри стрелци, кој имаше рекорд од 17.783 поени, но Кари успеа да го надмине.