ФУДБАЛ

Списокот на најголемите заминувања од Холандија изгледа неверојатно

Антони се пресели во Манчестер Јунајтед за неверојатни 95 милиони евра и моментално е рекордер кога се во прашање заминувачките трансфери во Холандија.

Манчестер долго време се обидуваше да го ангажира Антони, но во финишот на преодниот рок најде начин да го откупи од Ајакс, кој ќе заработи 95 милиони, а веројатно и повеќе од 100 со бонуси.

Ајакс беше тој што заработи убедливо најмногу продавајќи играчи на гигантите. Френки де Јонг беше продаден на Барселона за 86 милиони евра, додека Де Лихт претходно замина во Јувентус за 85,5 милиони.

Летово, покрај Антони, во Манчестер замина и стоперот Лисандро Мартинез, кој беше продаден за 57,3 милиони евра.

Петти најскап продаден играч од Холандија е Хирвинг Лозано на кого Наполи му плати на ПСВ за 45 милиони евра.

Тотенхем на Ајакс му плати 42 милиони за Давинсон Санчез, а Челзи на Ајакс 40 милиони за Хаким Зиех. Во минатото Мемфис Депај се пресели од ПСВ во Манчестер Јунајтед за 34 мил.

Топ 10-те најголеми излезни трансфери во Ередивизија ги комплетираше Араклдиуш Милик, кому Наполи му плати 32 милиони евра на Ајакс, а Полјакот моментално игра во Јувентус како позајмен играч од Марсеј.