Екипата на Арсенал игра одлично оваа сезона, а по досегашните одиграни натпревари е на првото место на табелата во Премиер лигата.
Артета на најдобар можен начин го уреди тимот, но се чини дека дури сега почнуваат проблеми за него и неговите колеги од стручниот штаб.
Имено, голем е бројот на играчи за кои се уште е под знак прашалник дали ќе бидат подготвени за дерби натпреварот што Арсенал ќе го одигра в сабота.
Се работи за меч на домашен терен, а противник е лутиот ривал од северен Лондон, тимот на Тотенхем. Натпреварите на овие два клуба секогаш носат вжештена атмосфера и по правило многу голови.
Во последните неколку натпревари Арсенал беше лишен од услугите на Зинченко, од теренот отсуствуваше и Партеј, а поради повреда не настапи ниту Томијасу.
Артета некако успеа да го склопи тимот и на полу штаб имаше серија повреди. После тоа се повреди и Одегард, но тој се опорави од повредата и ќе биде подготвен за натпреварот против Тотенхем.
Се уште е под знак прашалник дали Партеј, Томијасу и Зинченко ќе бидат подготвени за натпреварот во сабота, но барем тренерот на Арсенал ќе има на располагање еден лев бек, а тоа е Тирни.
За жал на Арсенал до декември во тимот ќе нема „десетка“ Емил Смит-Роу, кој денеска беше успешно опериран, а се работи за операција на тетивата.
Го чека рехабилитација, а Арсенал се надева дека во декември ќе се врати во тимот и дека нема да има поголеми компликации.
Овој млад фудбалер „експлодира“ минатата сезона кога постигна десет гола во Премиершип, а со тоа заработи и место во репрезентацијата на Англија.