ФУДБАЛ

Според новинарите Хендерсон е најдобриот играч на сезоната

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон е награден за уште една одлична сезона.

После освојувањето на Лигата на шампионите со Ливерпул минатата сезона и оваа Премиер лига, Хендерсон сега доби вредна индивидуална награда.

Англиското здружение на спортски новинари (FWA) го прогласи Хендерсон за најдобар играч во Премиер лигата за сезоната 2019/20, откако доби повеќе од една четвртина од гласовите.

„Не чувствувам дека наградата им припаѓа само на мене. Јас им должам многу на луѓето и моите соиграчи ја заслужуваат наградата онолку колку што ја заслужувам и јас“, рече Хендерсон.

Најголемите конкуренти на Хендерсон во изборот беа Маркус Рашфорд и Кевин де Брујн, додека Вирџил ван Дајк и Садио Мане завршија на четвртото и петтото место, соодветно.

Оваа награда е доделена во Англија уште од сезоната 1947/48 година.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига