Тотенхем го совлада Њукасл со 5:1 во дуелот од 31. коло на Премиер лигата.
Спарс одиграа спектакуларен натпревар и на крајот сосема заслужено го добија овој натпревар против гостите кои во последно време повторно играат доста слабо.
Сепак, страчките први поведоа на овој меч. Фабијан Шар погоди за 1:0 во 39. минута, но радоста на гостите траеше многу кратко.
Четири минути подоцна Спарс израмнија. Бен Дејвис погоди за 1:1, што беше резултат по првото полувреме.
Продолжението од мечот во Лондон му носи целосна доминација на Тотенхем, кој целосно го разби противникот.
Мет Доерти погоди за 2-1 во 48. минута по одличната асистенција на Кејн, а шест минути подоцна Сон зголеми на 3-1.
Сите дилеми околу победникот беа решени во 63. минута кога Емерсон Ројал го постигна четвртиот гол за домашната екипа за предност од 4:1.
Точка на овој меч за конечни 5:1 стави Стивен Бергвијн во 83. минута, само две минути откако влезе во игра.