ФУДБАЛ

Срамен потег на навивачите на Селтик додека Винисиус го прославуваше голот, Бразилецот не ни виде што се случи

Реал Мадрид синоќа го победи Селтик на гостински терен со 3:0 во натпреварот од првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

 

На Селтик Парк синоќа гледавме фантастичен натпревар во кој шкотскиот тим навистина го намачи европскиот шампион, но на крајот Реал Мадрид успеа да победи.

 

Во првото полувреме Селтик пропушти неколку неверојатни прилики да ги шокира кралевите и да поведе, но среќата беше на страната на гостите.

Во вториот дел Реал Мадрид жестоко го казни Селтик за сите овие грешки, и ја покажа својата сила и успеа да победи.

 

Кралевите поведоа во 56. минута кога Винисиус Јуниор погоди за 1:0, а само четири минути подоцна Лука Модриќ брилијантно погоди за 2:0. Конечните 3:0 ги постави Еден Азар во самиот финиш на натпреварот.

 

Атмосферата на Селтик Парк беше навистина фантастична, а навивачите можеа да уживаат во овој натпревар, но еден хулиган сето тоа го расипа со својот срамен потег.

Имено, контроверзниот момент се случи во 56. минута кога Реал Мадрид поведе на овој натпревар.

 

Како што веќе пишувавме, голот за гостите го постигна Винисиус Јуниор и го прослави покрај корнер знаменцето, но потоа еден од навивачите на Селтик фрли банана кон Бразилецот за расно да го навреди.

 

Винисиус не реагираше на тој потег бидејќи веројатно не ни видел што фрли навивачот на Селтик, но сепак камерите го фатија и поради тоа шкотскиот клуб доби жестоки критики, а многумина бараат идентитетот на овој навивач да да се открие.

Тие бараат Селтик доживотно да му забрани на тој навивач да ги следи натпреварите на овој клуб на стадионите, а со својот срамен потег да фрли дамка на овој познат шкотски клуб.