Искусниот напаѓач Диего Коста за канал на Youtube раскажа анегдота со играчот од средниот ред на Челзи, Н’Гол Канте од пред неколку години.
Диего моментално е без тим, а поранешниот шпански репрезентативец го чека нов ангажман во Мадрид. Во меѓувреме Коста за време на оваа пауза во кариерата даде искрено интервју за каналот Youtube Pilhado во кое го допре и својот поранешен соиграч од Челзи.
Двојката помина една сезона заедно на Стемфорд Бриџ по доаѓањето на Канте од Лестер во 2016 година, и пред Коста да се врати во Атлетико Мадрид во јануари 2018 година.
Коста е познат како контроверзен, агресивен и по малку луд тип, додека Канте е сосема спротивен бидејќи е мирен, повлечен, скромен… И покрај тоа, двајцата имаа фантастичен однос.
Коста призна дека знаел целосно гол да оди под туш со намера да го прегрне срамежливиот Французин.
„Еднаш се обидов да го гушнам Канте на шега. Тој е навистина многу срамежлив. Одев гол под туш, одев кај Канте и му реков: „Гушни ме!“ А тој се срамеше и рече: „Не, не, Диего не“, низ смеа изјави поранешниот напаѓач на Атлетико и Челзи.
„Тој (Канте) не ја соблекува ни долната облека додека се тушира“, додаде Коста.
Диего постигна 52 гола во Премиер лигата на 89 настапи за Челзи во периодот од 2014 до 2017 година, а со „сините“ освои две титули. Сепак, одличниот Канте, еден од најдобрите играчи на позицијата среден ред, постигна многу повеќе во дресот на Челзи. Покрај тоа, Канте ја освои Премиер лигата и со Лестер и со Челзи, а беше европски првак со Франција, а може да се пофали и со титула во Лигата на шампионите.