Репрезентативците на Србија победија по четвртипат на Светското првенство во кошарка 3X3.
Во финалната средба во Манила, тимот на нашиот северен сосед, кој беше во состав Душан Домовиќ-Булут, Марко Савиќ, Дејан Мајсторовиќ и Стефан Стојчиќ, ја надигра Холандија со 16:13.
На овој начин Србите го окупираа светскиот врв за трета година по ред, но за разлика од претходните две, овојпат на Филипините не беше Марко Ждеро, кој лекува повреда и беше заменет од Стојчиќ.
Спорот за бронзениот медал исто така беше помеѓу европски екипи, откако Словенија ја надигра Полска со 21:16.
Кај дамите со светската титула се закитија кошаркарките на Италија, кои ја надиграа Русија со 16:12 во финалниот дуел.