Репрезентациите на Романија и Србија без голови го отворија четвртото коло во Групата четири од Ц Лигата.
Србија имаше повеќе шанси од домаќинот, но покрај досудениот пенал, покрај тоа што Романија играше цело второ полувреме со играч помалку не успеа да постигне гол и да освои нови три бода.
Тамас во финишот на првото полувреме направи прекршок за пенал и за црвен картон. Пеналот за Србија го изведуваше Душан Тадиќ, но не успеа да постигне гол.
Покрај големиот број на шанси и притисок, Србија не успеа да постигне победнички гол, а на крајот бодовите беа поделени.