Евертон и Манчестер Сити во моментов го играат натпреварот од 27. коло во англиската Премиер лига.
Натпреварот од Гудисон беше во центарот на вниманието бидејќи играчите и навивачите пред натпреварот дадоа поддршка на народот во Украина и побараа што поскоро да се стави крај на војната што ја започна Русија.
Но, сцената која го обиколи светот се случи на загревањето, а во центарот на вниманието беа двајца украински репрезентативци.
По напуштањето на загревањето, Олександр Зинченко веднаш му пријде на својот сонародник Виталиј Миколенко кој настапува за Евертон. Нивната прегратка допре многумина, а јасно е колку им е тешко да не се во татковината. Исто така, фановите на Гудисон го поздравија сето тоа.
https://youtu.be/bxUGDxXw_6o
Миколенко и Зинченко вечерва не се во првиот тим и двајцата се на клупата за резервни играчи бидејќи јасно е дека не се многу фокусирани на фудбалот.
Man City's Zinchenko & Everton's Mykolenko embrace during the warm-up 🇺🇦 🙏 pic.twitter.com/NjgrQOTlOf
— Football Daily (@footballdaily) February 26, 2022