ФУДБАЛ

Средбата заврши: Некои директори поднесоа оставки, други потпишаа иницијатива за недоверба на претседателот Бартомеу

Откако Лионел Меси го извести раководството на Барселона дека сака да ја напушти Барселона, сето тоа стигна до медиумите, а потоа и до навивачите.

Започна лавина незадоволство кај навивачите на Барселона, а тие бараат водечките луѓе да го напуштат клубот, затоа што не се задоволни од начинот на кој го водат.

Веднаш беше свикана итна средба во просториите на клубот, а навивачите се собраа да протестираат против раководството.

Според шпанските медиуми, средбата завршила пред неколку минути. Неколку директори на Барселона, како што неофицијално е соопштено, дадоа оставки.

Другите решија да потпишат иницијатива за недоверба на претседателот, за да се обидат да го отстранат од позицијата.

Не чека бурен период во Барселона, па големо прашање е како сè ќе заврши на крајот.