ФУДБАЛ

Средбата заврши, зборовите на Меси го шокираа Куман, но и сите во Каталонија

Лионел Меси денеска го прекина одморот за да се врати во Барселона, каде имаше средба со новиот тренер на Барселона, Роналд Куман.

Двајцата се очекуваше да разговараат за иднината на Барселона, но зборовите на Меси го шокираа Куман.

Имено, Куман очекуваше добра средба со капитенот на Барселона, за двајцата да можат да преговараат за работите околу соблекувалната.

Сепак, Меси му порача на новиот тренер на Барселона дека не ја гледа својата иднина во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Покрај тоа, капитенот на Барселона му рече на Куман дека веќе се чувствува како некој што го напуштил клубот, но и дека е свесен дека најголем проблем со заминувањето е неговиот договор со Барселона.

Се чини дека може да се случи она од што се плашеа многу навивачи на Барселона, а тоа е заминување на Меси од клубот.