ФУДБАЛ

Српскиот фудбалер го израмни рекордот на Роналдо

Српскиот фудбалер на Фиорентина, Душан Влаховиќ го израмни рекордот на Кристијано Роналдо по постигнати голови во една календарска година во Серија А.

Влаховиќ во ремито на Фиорентина против Сасуоло го постигна својот 33. гол во 2021 година во Серија А.

Роналдо до оваа бројка стигна лани, а веднаш годинава рекордот го израмни Влаховиќ.

Напаѓачот на Фиорентина може дури и да го надмине, бидејќи му претстои уште еден натпревар во Серија А во 2021 година.

ПОВРЗАНО

Серија А