Ерлинг Халанд направи фантастичен потег потпишувајќи за Борусија Дортмунд оваа зима.
Германскиот гигант го донесе младиот фудбалер од Салцбург за само 20 милиони евра, а тој продолжи да постигнува голови во Дортмунд.
Пред потпишувањето за Борусија, преовладуваше голем интерес за 19-годишниот фудбалер. На крајот, тој избра меѓу Манчестер Јунајтед и Борусија, неговото срце го избра „Олд Трафорд“, но сè беше уништено од Ед Вудвард.
Според „Атлетик“, Халанд им соопштил на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјаер и првиот човек Ед Водвард дека сака да го облече дресот на Јунајтед и да игра на „Олд Трафорд“.
Сепак, Вудворд уништи сè. Тој одби да соработува со агентот на младиот фудбалер Мино Рајол и побара сите преговори да бидат прекинати.
На крајот тоа се случи. Халанд замина во Дортмунд и направи фантастични работи на неколку натпревари, додека дресот на Јунајтед го облече Одион Игало.