Новоизградениот стадион во сенегалскиот град Седиу ќе го носи името на напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане. Веста ја соопшти градоначалникот на градот Абдулаје Диоп, кој е и министер за култура и масовни комуникации во Сенегал.
Пред неколку дена Мане и неговите соиграчи од Сенегал ја зграпчија историската прва титула во Африканскиот куп на нации, а напаѓачот беше избран за играч број 1 во ова натпреварување.
Покрај фудбалскиот терен, Мане е многу активен и надвор. Фудбалерот често е вклучен во добротворни настани во својата татковина, а во последните години помогна во изградбата на болница и училиште.
Токму поради оваа причина Сенегал одлучи да му оддаде почит на Мане со именување на стадион по него. Објектот треба да биде готов следната година.