ФУДБАЛ

Стадионот „Ванда Метрополитано“ полн за прв пат по 574 дена

Атлетико Мадрид и Барселона ќе го играат дербито од осмото коло во шпанската Ла Лига пред полни трибини.

Шпанското Министерство за здравство даде дозвола и стадионот на Атлетико Мадрид ќе биде целосно исполнет за прв пат од 7 март 2020 година. Оттогаш поминаа точно 574 дена. Капацитетот на оваа модерна зграда е 68 илјади седишта.

Ова е одлична вест особено за навивачите на Атлетико, актуелните шампиони на Шпанија. Тие ќе можат да му помогнат на својот тим да ја совлада Барселона, која се бори на сите фронтови.

И покрај тоа, двата тима во Ла Лига се на само два бода разлика. Моментално Атлетико е четврти со 14 бода, додека Барса е седма со 12 и натпревар помалку. Атлетико Мадрид и натаму е подобро расположен да го дочека овој дуел. Во натпреварот од Лигата на шампионите во компензација го победија Милан на гости, додека Барселона беше декласирана во Лисабон од Бенфика со 3:0.

Дуелот помеѓу Атлетик и Барселона е на програмата в сабота во 21 часот.

ПОВРЗАНО

Ла Лига