ФУДБАЛ

Станислав Лоботка потпиша за Наполи

Слованецот Станислав Лоботка ја напушти Селта Виго и денес официјално потпиша за Наполи.

Лоботка веќе некое време е на радарот на италијанскиот клуб, кој влезе во преговори со Селта овој јануари. Сè беше договорено многу брзо, а шпанскиот клуб заработи 20 милиони евра од продажбата на овој играч од средниот ред.

Наполи денес официјално потврди дека Лоботка има потпишано договор со овој клуб до летото 2024 година. Овој 25-годишник ќе заработува 1,8 милиони евра по сезона.

Лоботка е второ засилување на Наполи оваа зима бидејќи му претходеше тимско засилување од Диего Деме, кој пристигна од Лајпцик за 12 милиони евра.