Бразилскиот фудбалер Нејмар помина без сериозна повреда откако беше фаулиран од играчот на гостите, Тијаго Мендеш во финишот од мечот ПСЖ – Лион.
Sвездата на ПСЖ со солзи го напушти теренот. Тој липаше и плачеше и се чинеше дека е многу сериозна повреда.
Сепак, се покажа дека Нејмар е само полесно повреден. Тој ќе го прескокне вечерашниот натпревар против Лориент и може да се врати веќе следниот викенд.
Нејмар честопати имаше тешки повреди во минатото. Поради нив тој отсуствуваше долго време од теренот, а многумина го нарекуваат актер поради тркалање на теренот по скоро секој старт на противникот.
Причината што Бразилецот е често во лежечка позиција на теренот е во неговите нозе. Тој има сериозни проблеми со болки во стапалото и поради тоа, секој удар го доживува многу почувствително од другите фудбалери.
Помошникот тренер на ПСЖ, Золт Ло, неодамна разговараше со Билд.
“Нејмар има неверојатно чувствителни стапала. Кога и да го удрат, чувствува огромна болка”, рече Лоу.
Бразилецот сепак е актер за многумина и тешко дека нивното мислење ќе се промени, без оглед на се.