Откако го финализираа трансферот на Алваро Мората од Атлетико Мадрид, челниците на Јувентус бараат друг напаѓач.
Иако по доаѓањето на Мората се чинеше дека Старата дама повеќе нема да го зајакнува нападот, италијанските медиуми тврдат дека тоа не е така.
Всушност, како што известуваат денес, актуелниот италијански шампион би можел да го донесе напаѓачот на Наполи, Фернандо Љоренте.
Неговиот договор со наполитанците важи до летото следната година и Јувентус е убеден дека тоа нема да ги чини скапо.
Освен Љоренте, Старата дама е на мета и на Моиз Кин од Евертон, а интересно е што и двајцата овие фудбалери играле за Јувентус во минатото.