Килиан Мбапе беше брилијантен во победата на ПСЖ над Лион (5:0).
Сјајниот 19-годишник постигна четири гола и изнуди еден пенал, кој беше реализиран од страна на Нејмар, но и покрај тоа што имаше ноќ од соништата, тврди дека морал да го постигне повеќе голови.
“Пред да постигнам четири гола, пропуштив многу шанси, можев да постигнам повеќе голови”, рече Мбапе по натпреварот со Лион.
Неговите статистики во професионалната кариера се импресивни. Иако има само 19 години, изгледа навистина неверојатно и без дилема е еден од најдобрите фудбалери во светот.
Вкупно, Мбапе одигра 135 натпревари во својата кариера и постигна 67 гола со 37 асистенции.