ФУДБАЛ

Статусите на Гризман ги вознемирија „Црвените“: Што беше тоа што му пречеше на Французинот на „Енфилд“?

Францускиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман (30) не играше во средата навечер поради суспензија на натпреварот против Ливерпул.

Додека неговите соиграчи ја водеа битката на Енфилд, а на крајот загубија од многу посилниот Ливерпул со 2-0, Гризман го гледаше натпреварот на ТВ, навиваше и – ги пишуваше статусите.

Фирмино беше незадоволен од арбитражата на натпреварот, а особено му пречеше исклучувањето на Фелипе по фаулот врз Мане. Судијата Дени Макеиле го повика Бразилецот да му даде жолт картон, но Фелипе го игнорираше тоа.

Судијата од Холандија после тоа уште два пати го повика Фелипе и Бразилецот повторно не реагираше, а тоа беше капка која ја прели чашата. Холандскиот судија потоа извади црвен картон и му го покажа патот на Фелипе до соблекувалната.

„Против сите и против сите“, напиша францускиот репрезентативец алудирајќи на црвениот картон на Фелипе на полувремето. Тој не застана тука, објавувајќи нов твит по натпреварот.

„Енфилд е жолт“, напиша тој откако Диого Јота доби само жолт картон по високо крената нога и опасната игра. На сличен начин Гризман доби директен црвен картон на првиот меч одигран во Мадрид.

По четири кола од групната фаза, Ливерпул е лидер во групата Б со максимални 12 бода. Атлетико Мадрид падна на третото место со четири бода, Порто има пет бода по ремито со Милан, додека Росонерите неочекувано се на дното на табелата и со само еден бод.