Стефан Спировски постигна златен погодок кој на Хапоел Тел Авив му донесе полуфинале во Купот на Израел.
Хапоел Тел Авив по продолженија успеа да го совлада Хапоел Ранана со 2-1 и тоа благодарение на голот на македонскиот репрезентативец Стефан Спировски во 111. минута, кој беше доволен за пласман во полуфинале на Купот.