ФУДБАЛ

Стефано Пиоли во проблеми пред гостувањето кај Јувентус

Дерби натпреварот од 4. коло на Серија А во Торино ќе го одиграат Милан и Јувентус.

Додека Јувентус се уште бара и се обидува да дојде до победа, Росонерите во првите три кола имаат максимален ефект.

Натпреварот на стадионот Алијанц секако треба да биде интересен, но хендикеп е што и двете екипи нема да играат во најсилниот состав.

И додека Масимилино Алегри се уште чека зелено светло за да може да го искористи Федерико Киеза, Стефано Пиоли има поголеми проблеми.

Имено, Пиоли сигурно нема да може да смета на Златан Ибрахимовиќ и Оливие Жиру, па практично остана без класичен напаѓач.

“Ибра сака да биде Супермен, но тој се уште не е. Разговаравме, не напредуваше и нема да има меч. Жиру, кој има проблеми со грбот, исто така ќе недостасува”, рече Пиоли.

 

ПОВРЗАНО

Серија А