ФУДБАЛ

Стемфорд Бриџ станува тврдина на Брентфорд!

Фудбалерите на Брентфорд направија изненадување во малото лондонско дерби откако на Стемфорд Бриџ го победија тимот на Челзи со 2:0.

Стрелци на головите за гостите беа Итан Пинок во 58. минута и Брајан Ембеумо во шестата минута од судиското надополнување.

Челзи само што направи серија на многу добри резултати откако ги совлада Брајтон, Фулам и Барнли, додека триумфот над Арсенал за малку не им побегна, се случи нов шок за „сините“.

Избраниците на Маурисио Покетино имаа повеќе од игра во првите 45 минути, го диктираа ритамот и први се заканија по одличниот удар на Мадуек кој заврши на гредата.

Потоа се обидоа и Кукуреља и Стерлинг, но казната за промашувања се случи во вториот дел кога „пчелите“ заиграа многу подобро, особено по обидот на Виза.

По една комбинација од десната страна, Ембеумо испрати центаршут до далечната статива од голот на Санчез, каде Итан Пинок со глава ја упати топката во голот.

Челзи отиде на се или ништо, што му остави многу простор на Брентфорд да се закани во контранапад, но во два наврати се истакна Санчез кој го одбрани обидот на Јармољук, а подоцна и ударот на Ембеум.

Голманот на домашниот тим го започна последниот напад, што резултираше со празен гол на Челзи, кој лесно го постигна Брајан Ембеумо во шестата минута од судиското надополнување.

На крајот, „сините“ го претрпеа третиот последователен пораз на „Стемфорд Бриџ“ од истиот ривал, што му овозможи на Брентфорд да го надмине Челзи во табелата во Премиер лигата.

„Пчелите“ сега се на 10-та позиција со 13 освоени бодови, додека Челзи е 11-ти со бод помалку.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига