ФУДБАЛ

„Стерлинг и Де Брујн сепак можат да играат за Реал“

Стерлинг и Де Брујн отсекогаш биле поврзани со можен трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Поранешната ѕвезда на Англија, Манчестер Сити, Рома и многу други клубови, Свен-Горан Ериксон – вели дека Рахем Стерлинг и Кевин Де Брујн сепак можат да играат за Реал Мадрид.

Во секој случај, тој се надева дека ќе останат во Манчестер Сити, дури и по проблемите со УЕФА.

„Тие ќе играат за Реал Мадрид, ако сакаат, но јас би бил разочаран“, рече Ериксон.

„Не знам, се надевам дека ќе останат во Англија. Ако ја погледнете сега, но и пред многу години – Премиерлигата е најсилна во светот, нема сомнеж за тоа – најпопуларната, најдобрата лига што ја гледате.“