ФУДБАЛ

Стерлинг: Навистина го сакам Ливерпул

Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг не го заборави својот поранешен клуб.

Стерлинг замина во Манчестер Сити од Ливерпул, но тврди дека сè уште го сака својот поранешен тим.

„Дали некогаш ќе се вратам во Ливерпул? Да бидам искрен, навистина го сакам Ливерпул. Тој клуб ќе остане во моето срце засекогаш. Ливерпул направи многу за мене, па …”, рече Стерлинг.

Тој потпиша за Сити во 2015 година, и во моментов е поврзан со многу великани, но, наводно, е под договор до 2024 година.

Стерлинг освои бројни титули со Сити, но во тековната сезона Ливерпул е далеку подоминантен и требаше наскоро да ја обезбеди титулата математички, но поради пандемијата на коронавирусот што го запре фудбалот низ Европа, не се знае исходот од оваа ситуација.