Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт ќе ги има на располагање сите играчи за четвртфиналниот натпревар на Мундијалот против Франција. Рахим Стерлинг се враќа во Катар.
Рахим Стерлинг се враќа во Катар во кампот на репрезентацијата, откако доби дозвола да отпатува назад во Лондон на неколку дена, откако доби вест дека неговата куќа е ограбена на денот кога Англија играше во осминафиналето.
Стерлинг на тој начин не беше во тимот за победата против Сенегал, но сега се враќа и му се става на располагање на тренерот за пресметката со бранителите на светските шампиони.
Дуелот меѓу Франција и Англија ќе биде последно четвртфинале, а е закажан за в сабота од 20:00 часот.