ФУДБАЛ

Стерлинг призна дека сака да го напушти Сити

Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, призна дека планира да ја смени средината.

Пеп Гвардиола многу го ротира тимот оваа сезона, а Стерлинг често пати страда и англискиот репрезентативец сака да си замине на лето, а за него интерес покажува Барселона.

„Ако има можност, подготвен сум да најдам нов клуб. Морам да научам други јазици, а многу ми се допаѓаат францускиот и шпанскиот“, изјави Стерлинг.

Само неколку натпревари Стерлинг одигра за Пеп како стартер, па затоа не е изненадувачки што ја донесе одлуката да го напушти „Етихад“.

Освен Барселона, се верува дека Реал Мадрид и ПСЖ ќе бидат во игра да го купат.