Лондонски Арсенал го договори доаѓањето на уште еден млад фудбалер во своите редови.
Со години, францускиот експерт Арсен Венгер носеше непознати играчи за да му даде шанса, а по неговото заминување, клубот очигледно продолжил на истиот начин.
Новиот играч на „топчиите“ на лето ќе стане репрезентативец на Турција, 21-годишниот стопер Чаглар Сојанку, актуелен играч на германски Фрајбург.
Скаутите на лондонскиот тим ги следеа натпреварите на овој фудбалер во текот на сезоната. Тие мислат дека тој е вистински играч за нивниот тим и одлучиле да го донесат во своите редови.
Оваа вест беше потврдена од претседателот на неговиот поранешен тим Алтинорд Сеит Мехмет Озкан.
„Арсенал ни побара информации за него, а нашиот клуб ќе заработи од трансферот во Арсенал. Баерн исто така го сакаше, но тој е на пат кон Премиер лигата”, изјави Озкан за турски Сабах.
Арсенал ќе плати околу 15 милиони евра за Сојанку, од кои Алтинорд ќе има добар процент.