Стигна казната за претседателот на клубот Жоан Лапорта за неговиот потег по дербито со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.
Лапорта беше незадоволен од одлуките на судијата Хосе Марија Санчез Мартинез и влезе во соблекувалната на арбитрите за да бара објаснување за некои ситуација, па иако немало никаков инцидент и тој мирно го напуштил местото откако било побарано од него тој е санкциониран од Ла Лига со 602 евра пренесува „Гол“.
Иако имаше можност и да биде потешко казнет и со одредена суспензија на крајот е решено само парично да биде олеснет.