ФУДБАЛ

Стигна разочарување за навивачите на Црвена Звезда за мечот со Милан

Здравствениот кризен штаб на Србија нема да дозволи навивачи на мечот Црвена Звезда-Милан кој се игра на 18-ти февруари. Тимот од Белград пред неколку дена упати барање до властите да им дозволат 30 отсто навивачи од вкупниот стадион, а тоа би било околу 15 илјади фанови. Сепак, здравствените власти нема да го дозволат тоа.

-Не можеме да дозволиме било какви собири, па така ниту на спомнатиот меч, бидејќи во последните неколку денови епидемиолошката слика е влошена, особено во Белград, вели доктор Предраг Кон.