ФУДБАЛ

Стигнаа докази: Реал го плати Азар многу повеќе отколку што се мислеше

Иако беше напишано дека Реал Мадрид минатото лето го платил Еден Азар 100 милиони евра на Челзи, новите информации велат дека трансферот вреди дури 160 милиони.

Белгиските медиуми, со помош на локалниот нисколигаш Тубизе, дојдоа до заклучок дека трансферот е далеку попрофитабилен отколку што се чинеше на почетокот. Тубизе има право на 0,5 проценти од трансферот затоа што Азар играл таму додека тој имал 12 и 13 години.

Тубизе доби 800.000 евра, што значи дека Реал му плати на Челзи неверојатни 160 милиони евра за целиот трансфер.

Азар е најскапиот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, иако се сметаше дека сепак се работи за Герет Бејл (101 милион евра), а трет на списокот е Кристијано Роналдо со 94 милиони евра. Додека Португалецот и Велшанецот му дадоа на Реал многу во изминатите години, Еден во првата сезона – очаен.

На 22 натпревари постигна само еден гол и дефинитивно не ги оправда вложените 160 милиони евра, но новата сезона може да му донесе нов почеток на Белгиецот.