Стигнаа првите резултати од повредата на Нејмар. Според првичните информации тој нема да мора да оди на операција, бидејќи зглобот не му е скршен. Сепак, лошото е тоа што според анализите ќе мора да паузира неколку недели.
Тој се повреди во неделата на дербито помеѓу ПСЖ-Лион (0-1) откако противнички фудбалер остро стартуваше врз него.
Наскоро ќе биде и официјално познато колку точно недели ќе паузира и дали ќе биде спремен да се врати пред дуелот со Барселона во осминафиналето на ЛШ. Со оглед на тоа дека првиот меч се игра во февруари, а очекување е тој да биде „фит“ до тогаш.