ФУДБАЛ

Стивен Џерард се врати во Премиер лигата!

Легендарниот Стивен Џерард овојпат се враќа во Премиер лигата како тренер.

Астон Вила потврди дека Стивен Џерард е нов тренер на клубот од Бирмингем, што го пренесоа водечките медиуми на Островот.

Раководството на англискиот великан реши да му врачи отказ на 50-годишниот Смит по три години соработка, по пет последователни порази во Премиер лигата.

Сигурно е интересно што Дин Смит е најголемиот кандидат за преземање на шкотскиот великан Ренџерс, тимот кој Џерард го врати во врвот на шкотскиот фудбал.

Стивен Џерард ја започна својата менаџерска кариера во 2017 година во младинските категории на Ливерпул, каде што ја помина целата своја кариера како фудбалер.

Сепак, тој остана таму кратко време затоа што не можеше да го одбие повикот од Ренџерс од Глазгов и направи навистина одлични работи таму.

Тој минатата година успеа да ги врати Ренџерс на врвот на шкотскиот премиерлигаш и да ја освои титулата по една деценија големо страдање и огромни проблеми во клубот.

Сега Џерард ќе има уште една сериозна задача, а тоа е да го извлече поранешниот европски првак од резултатската криза и во наредниот период да се обиде да го направи тимот од Бирмингем конкурентен за врвот на табелата во англискиот премиершип.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига