Иако беше најавувано дека Стојанче Стоилов ќе го пропушти натпреварот против Кил од Лигата на шампионите, тој сепак се најде на списокот со играчи за претстојниот натпревар.
На официјалната фејзбук страна на РК Вардар денеска беше објавено дека Стојанче Стоилов е во составот за дуелот против Кил.
https://www.facebook.com/rkvardar/posts/10158541042325348
Средбата ќе се игра пред распродадената сала во СЦ „Јане Сандански” каде ќе има над 5.500 навивачи кои ќе го бодрат Вардар кон четвртиот триумф сезонава во Лигата на шампионите.