Капитенот на РК Вардар со тешко срце зборуваше по завршувањето на натпреварот.
„Тешко, многу тешко, Монпејле играше доста агресивно. Имавме одлични шанси но, ете среќата е кај нив. Ние минатата година победивме вака, сега ни се врати тоа. И двете екипи кои сега се во финале навистина заслужија. Сите претходно кога не прашуваа како до финале, јас им велев дека сите имаат шанси, и еве аутсајдерите се во финалето“, изјави Стојанче Стоилов.