Селтик и Атлетико Мадрид во средата навечер ги поделија бодовите во третото коло од групата Е на Лигата на шампионите, но од Глазгов беше испратена слика која на многумина нема да им се допадне.
И УЕФА секако ќе реагира… Ќе видиме како.
Навивачите на шкотскиот шампион недвосмислено застанаа на страната на Палестинците во конфликтот со Израел и на трибините на „Селтик Парк“ се вееја стотици знамиња…
— @anonimojerezano.eurosky.social (@anonimojerezano) October 25, 2023
Натпреварот заврши 2:2 , па Атлетико е втор со пет бода, додека Селтик е последен во групата со бод. Феенорд е лидер со шест, а Лацио има четири.
Пред неколку дена идентична слика беше видена во Единбург, на натпреварот од шкотската Премиер лига меѓу Хартс и Селтик.
