Велеслаломот кој се одржа во Аделбоден, Швајцарија беше запрен скоро на самиот почеток.
Имено, организаторите ја прекинаа трката по страшниот пад на американскиот скијач Томи Форд. Започна четврти и кога влезе во задниот дел на патеката едноставно изгуби контрола и падна на главата.
После тоа, Форд удрил во заштитната ограда покрај патеката, а Брзата помош притрчала на помош.
Според првите информации, Форд изгубил свест кога паднал и ја удрил главата, а бил пренесен во болницата, каде се очекуваат повеќе информации за неговата моментална состојба.
https://twitter.com/thibault__brn/status/1347844601537835008
Сите со нетрпение чекаат информации од болницата и се надеваат дека сè е во ред со Форд.