Повредите се составен дел од животот за жал, порано или подоцна, многу спортисти се соочуваат со нив.
Повредите се почести во тешките и груби спортови, особено во боречките спортови, често ги гледаме на фудбалските терени, во ракометот, па и во кошарката, но нешто помалку се видливи на одбојкарските натпревари.
На турнирот од Светската одбојкарска серија во Рим дошло до несреќа и тешка повреда на Швајцарката Јоана Хајдрих, која врескала од болки додека се обидувале да и помогнат.
Na disputa do 3° lugar do mundial de volei de praia , a jogadora suíça Heidrich sentiu o ombro e começou a gritar de dor que desespero 😭 pic.twitter.com/IwYLtd408h
— Guizin (@tuitaguizin) June 19, 2022
По еден сервис незгодно паднала и го изместила рамото, а болката била огромна. Надвор од стадионот се слушнаа силни врисоци, додека навивачите ги држеа главите и се молеа за оваа девојка.
По околу 20 минути пружање помош, таа е пренесена во болница.