Реал Мадрид и ПСЖ во среда на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го одиграат реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Пред три недели ПСЖ успеа да слави на домашен терен со минимални 1:0, а херој на мечот беше Килијан Мбапе, кој го постигна единствениот гол во самиот финиш од натпреварот.
Мбапе не играше викендот против Ница поради жолти картони, што многу се почувствува во натпреварот на ПСЖ кој беше поразен на гости со 1:0.
Францускиот напаѓач е во убедливо најдобрата форма во целата сезона оваа сезона и јасно е дека навивачите на ПСЖ беа многу вознемирени денеска кога беше објавено дека Мбапе порано завршил со тренинзите поради повреда.
Францускиот РМЦ соопшти дека Мбапе добил удар на денешниот тренинг, поради што морал порано да го напушти теренот.
🚨 Info RMC Sport : Kylian Mbappé a été touché à l'entraînement ce lundi à deux jours du 8e de finale retour de Ligue des champions au Real Madrid. L'international français va désormais passer des examens pour déterminer une éventuelle blessure.
— RMC Sport (@RMCsport) March 7, 2022
На Мбапе веднаш му беа извршени дополнителни прегледи за да се утврди сериозноста на повредата, а од ПСЖ се надеваат дека не е ништо сериозно и дека Мбапе ќе биде подготвен за нова пресметка против Реал Мадрид.
Доколку францускиот напаѓач не е подготвен, јасно е дека тоа ќе биде жесток удар за парижаните.