Винисиус ужива во најдобрата сезона во кариерата. На 25 настапи во сите натпреварувања брои 12 гола и девет асистенции.
Дека е играч со квалитети и талент, тоа никој не го демантираше, но дека на ваков начин ќе експлодира во сезоната 2021/22, никој не очекуваше.
Винисиус Јуниор ги изненади сите со настапите оваа сезона.
21-годишниот фудбалер ужива во најдобрата сезона во кариерата и со дресот на Реал Мадрид.
На 25 настапи во сите натпреварувања досега брои 12 гола и девет асистенции.
Значително е зголемена и вредноста на Винисиус.
Според „transfermarkt.com“, вредноста на Бразилецот се искачи на 100 милиони евра, влегувајќи меѓу најдобрите и најценетите фудбалери на планетата.
Во моментов Винисиус е запрен, нема одиграно неколку натпревари поради КОВИД-19. Но, тој работи да влезе во форма кога ќе добие зелено светло да се симне на теренот.