ФУДБАЛ

Страшно, Донарума го покажа лицето по повредата на мечот со Монако, лицето унаказено (ФОТО)

ПСЖ го победи Монако со 4:2 во големото дерби како гостин и се зацврсти на врвот на табелата во францускиот шампионат, а средбата ја одбележа и страшната повреда на Џанлуиџи Донарума, кој заработи дури десет конци на своето лице. Имено, италијанскиот голман се повреди во 20. минута по жестокиот старт на Вилфред Синг, за кој Донарума мораше да биде заменет. Откако ја загуби топката, невнимателниот дефанзивец на Монако со копачки го нагази голманот на ПСЖ и му го расече лицето.