Седницата на Генералното собрание на Баерн заврши во паника.
По седницата, која траеше неколку часа, беше закажана прес-конференција, но на крајот таа не се одржа поради дојава за поставена бомба.
Кога пристигнала пријавата, сите во паника ја напуштиле салата, а набрзо пристигнал и комплетен контингент на германската полиција да изврши увид во салата во Ауди Домот.
Седницата заврши во 22 часот и 42 минути, а извештајот за бомбата стигна во 11 часот и 15 минути. Последен кој ја напушти салата беше претседателот Херберт Хајнер, кој доби нов мандат.
Sonderkommando rückt grad an. Stimmung angespannt. #bombendrohung #fcbayernjhv pic.twitter.com/24XtjEowhP
— Heiko Niedderer (@itstheicebird) October 15, 2022
“Знам дека полицијата е предупредена и ништо повеќе. Ова е срамота. По таков настан сакав да седнам со членовите на клубот и да се напијам пиво”, рекол Хајнер.
„Сакав да разговарам со фановите и да размениме идеи. Ова беше навистина грд крај“, додаде Хајнер.
Најважно е што нема повредени и се покажа дека дојавата за бомба е лажна, меѓутоа, како што истакнаа од Баерн, целиот настан оставил горчлив вкус.
Инаку, на седницата имаше и жестока дискусија со Ули Хонес во главна улога, кој се судри со претставникот на „Антикатарска“ струја во Баерн.
Polizei rückt ab, Suche nach der Bombe offiziell beendet. Der Audi Dome wird gleich wieder freigegeben. #bombendrohung #fcbayernjhv pic.twitter.com/JERY4oc2n4
— Heiko Niedderer (@itstheicebird) October 15, 2022
Познато е дека навивачите на Баерн веќе подолго време протестираат против Светското првенство кое се одржува во Германија, а вчера беше изразено и одредено незадоволство од спонзорот Катар ервејс.
„Твојот настап беше срамен. Ова е фудбалски клуб Баерн, а не Генералното собрание на Амнести Интернешнл. Свати го тоа“