ФУДБАЛ

Стравот од коронавирус си го прави своето, нема повеќе ракување на „Сент Џејмс Парк“

Загриженоста за можното ширење на коронавирусот се зголемува на Островот, па дури и клубовите таму ги менуваат нивните навики.

Паниката за коронавируси, оправдана или не, трае веќе некое време. Натпреварите се откажани, стадионите се затворени и се издаваат предупредувања – сепак, спртот и спортските терени привлекуваат илјадници посетители.

Постојано, преку медиумите или директно, тие добиваат упатства како да постапат за да спречат ширење на инфекцијата, па дури и клубовите на англиската Премиер лига прават се што можат.

Стравот од коронавирус го зафати и Њукасл, за кој зборуваше тренерот на тимот Стив Брус.

Една од мерките на претпазливост воведена на „Сент Џејмс Парк“ е исто така „забрана“ за ракување.

„Кај нас постои ритуал сите да се ракуваме едни со други веднаш штом ќе се видиме, секое утро… Ние престанавме да го правиме ова, по советите на лекарот. Мислам дека сме исто како и сите други. Благодарни сме што овде имаме одличен лекар… Како и останатите ние сме, ’завиткани’ пред ТВ и гледаме што ќе се случи следно. Да се ​​надеваме дека ситуацијата во нашата земја нема да се влоши“, рече тренерот на Њукасл Јунајтед, Стив Брус.

Инаку, Брус зборуваше пред медиумите пред 28-то коло од натпреварот во Премиер лигата со Барнли.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига