ФУДБАЛ

Стрелките на центарот од теренот на меч во Франција ги збунија навивачите, стигна објаснување (ФОТО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен му гостуваа на Ле Ман во вторникот вечерта во осминафиналето на Купот на Франција, а вниманието на навивачите го привлече еден детал на тревникот на стадионот Мари-Марвинг.

На самиот почеток од играта беа исцртани стрелки во центарот на теренот, а на никого не му беше јасно што претставуваат, се додека не стигна објаснување по натпреварот.

Објаснувањето го понуди францускиот инфлуенсер Вински, кој откри дека учествувал во проект кој имал за цел да ја подигне еколошката свест кај публиката.

“Имав соработка со клубовите на мечот Ле Ман и ПСЖ. Разговаравме за проектот DemainFootballClub и нацртавме круг во центарот на теренот со две стрелки. Целта е да го вклучиме францускиот фудбал во енергетската транзиција, мотивирајќи едноставни еколошки акции”, изјави Вински.

Навивачите беа особено заинтригирани од фактот што стрелите исчезнаа набргу за време на натпреварот, а набрзо се огласи и Француската фудбалска федерација.

„Оваа уникатна програма има за цел да ја подигне свеста кај аматерските клубови, играчите, фудбалските фанови и пошироката јавност за еколошките предизвици од енергетската транзиција,  соопшти Француската Национална фудбалска лига.